Преку реализација на бројни активности и иницијативи низ годините Црвениот крст на РСМ и општинските организации придонесуваат за подобрување на условите во заедницата. Во оваа насока важна е и соработката со локалните власти, поддршката која меѓусебно ја даваат и организациите и локалните самоуправи во насока на градење хумано општество. Ова беше потецирано на денешното одбележување на 80-годишниот јубилеј на Црвен крст на РС Македонија кое се одржа во Охрид.

ОО Црвен крст Охрид е една од поуспешните во РС Македонија која со своите активности има придонесено многу за тоа како денес изгледа Црвениот крст со неговата големина и успешност. Многу е важна соработка со општините, бидејќи ние ништо не можеме да направиме без поддршката од општините. Голем број на наши активности се поврзани со луѓе кои се нашле со луѓе кои се нашле во некаква незавидна ситуација, но без помош од градоначалникот, како татко на општината, сите овие активности не би можеле да ги спроведеме. Таму каде имаме можност или општината има можност, тука правиме проекти како за бедомните лица, луѓето во посебен ризик, но важно е дека поголем дел од општините во државата се свесни за потребата од хумано дејствување и имаме добро ниво на соработка на ниво на целата држава, потенцираше, претседателот на Црвен крст на РС Македонија, Ромел Велев.

Истакна дека активностите на организацијата, како и изминативе години ќе бидат со поголем акцент насочени кон потребите за помош на старите лица и лицата со посебни потреби.

Црвен крст Охрид е организација која брои голем број волонтери, активисти, членови, луѓе кои се навистина хумани, посветени на хуманоста и одвојуваат од слободното време за да помогнат на тие на кои им е потребно, истакна претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Низ годините голем број волонтери дале свој придонес и печат и токму со овие настани им оддаваме почит и признанија. Се трудиме и успеваме да најдеме начин за менаџирање на сите активности и да бидеме пријатно катче за сите кои се добронамерни и имаат идеи и иницијативи за да ги реализираат во Црвениот крст. Ние сме посебни и уникатни, можеби ќе звучи нескромно, заради програмите кои ги работиме, а на некој начин излегуваат од класичниот шаблон на дејствување на Црвениот крст. Во рамки на тие програми се Детски час за приказни, Бреионобреин програмата, Полетарче, Вдиши театар, Меѓународната програма „Силна алка“, Оперативниот центар и обуката на самите луѓе, Планиснката спасителна служба со 24 часовната поддршка на територијата на пет општини. Се ова е нешто што навистина не прави посебни и уникатни и ќе истраеме во сето ова зошто се ова вредности кои се третираат насекаде во светот, да се задржат постоечките волонтери, но и да се прошири организацијата со прием на нови волонтери. Тоа единствено е можно само со проширување и прилагодување на програмите на ова ново време, посочи Точков.

По повод 80 годишниот јубилеј и соработката на организацијата со локалните самоуправи, на градоначлниците на општините Охрид и Дебрца им беа доделни признанија.

Градоначалните, при тоа, ги потенцираа позитивните искуства од досегашната соработка посочувајќи дека истата ќе продолжи и во иднина.

Праксата покажа дека таму каде што досега сме соработувале, не е битно во каква форма е настанот кој го поддржуваме и организираме заедно, придонел за позитивни промени на заедницата. Еден од проектите кои отпочнал во соработка со Црвен крст Охрид и Европската Унија, од денешен аспект го финансира самата општина, е Планинската спасителна служба во соработка со Планинарскиот клуб. Нешто со  што ние како Охрид можеме да се гордееме, не само локално, туку и на ниво на цела Македонија, зошто тој тип на волонтеризам, придонесува еден тип на брза мобилизација, но и можност да реагираме еднакво со сите кои се обучени да реагираат во одредени ситуации на планините. Настаните кои Црвен крст и Општина Охрид заедно ги организираат, но и меѓусебната поддршка не само што носат позитивни промени генерално во нашата заедница, туку и се настани кои во иднина треба што почесто да се одржуваат и во што поголема мера да им се излезе во пресрет и на граѓаните и на оние потреби кои ги има и општината и Црвен крст Охрид. Секако соработуваме и со Црвен крст на државно ниво, и соработката ќе продолжи и во иднина, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

80 годишен јубилеј е долг период во кој организацијата покажа дека хуманоста нема граници, истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

За нас, значајна е плодната соработка која општината ја остварила низ годините и ја остварува со Црвен крст Охрид преку многу проекти. Во нив се поддршка на загрозените лица, за време на здравствената криза поддршка на сите лица на кои им беше потребна истата. Сме охрабриле голем број крводарители, сме реализирале здравствени бесплатни прегледи и бројни други прокети кои се во рамки на активностите на Црвен крст. Заедно со Црвениот крст и Планинската спасителна служба и Планинското друштво „Патагонија“ во рамки на програмата на Европската Унија за прекугранична соработка реализираме прекуграничен проект, заедно со општината Грамш од Албанија. Во фокус на проектот е градење капацитети за авантуристички планински туризам со акцент на безбедноста. Се надевам дека и во наредниот период ќе останеме посветени на соработката со Црвен крст и заедно со нив ќе изградиме заедница во која никој нема да биде изоставен, ќе изградиме едно похумано и поправедно општество за сите, додаде Ногачески.

Во склоп на низата активности кои ги реализира Црвен крст Охрид се и бројните крводарителски акции во текот на годината. Бранко Трајкоски е долгогодишен крводарител, мотиватор и организатор на крводарителски акции во рамки на СВР Охрид.

Имам дарувано 83 пати крв досега. Започнав на 18 години, граница која е дозволена за дарување крв и планирам да дарувам крв додека сум здрав. Хумано дело, убаво е чувството дека знаете дека ќе спасите многу животи, вели Трајкоски.

Инаку, во организацијата на Црвен крст Охрид во текот на годината се движат околу 1000 волонтери. Фокусот годинава ќе биде ставен на различни активности.

Во февруари беше одбележната Неделата на срцевосадови заболувања, а следат одржување на Меѓународниот тетарски фестивал „Вдиши театар“ во јуни, како и свечената академија за чествување на јубилејот 80 години Црвен крст на 13 јуни.

Фото галерија:

Црвен крст 80 години светилник на хуманоста

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска