Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора.
Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори.
Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Либералната партија и малцинските партии.
„Вјести“ меѓутоа јави дека не бил постигнат договор опозицијата да учествува на изборите со заеднички кандидат, а за неколку дена треба да се одржи нова средба.
Предлозите може да се поднесуваат до 26 февруари, а ДИК листата со претседателски кандидати ќе ја објави најдоцна до 3 март.
Засега своите кандидатури ги објавија Милојко Спајиќ (Движење Европа сега) и Дејан Вукшиќ (Христијанско демократско движење).
OhridNews