Центарот за јавно здравје Охрид продолжува со воведување на нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал. Целта е истакнуваат да се одговори на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби.

Со помош на најсовремен инструмент, со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија, на принцип на детекција на генетски материјал (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, во Центар за јавно здравје Охрид, за релативно кратко време се добиваат резултати за детекција на патогени микроорганизми во примерок на фецес (измет)/, како и назофарингеален брис (брис од нос), велат.

Во моментов, во микробиолошките лаборатории на располагање се тестови за детекција на микроорганизми прeдизвикувачи на гастроинтестинални (цревни) инфекции и труења со храна – детекција на токсини на бактеријата Ентерохеморагична Еscherichia coli и тоа: Verotoxin 1 и 2, Intimin, Haemolysin, EIEC/Shigella, EAggEC, Verotoxin 2f, детекција на токсини на бактеријата Clostridium difficile и тоа: toxin A и B, GDH, Binary toxin, како и детекција и диференцијација на различни типови Салмонела, и детекција/скрининг на MRSA (тип на бактерија-Метицилин резистентна стафилокока која е резистентна на многу антибиотици, а е причинител на интрахоспитални инфекции кои се тешки за лекување), потенцираат од Центарот за јавно здравје во Охрид.

На овој начин, додаваат, користејќи високо софистициран инструмент на база на молекуларна технологија, овозможуваме на лекарите за неполни два часа, да добијат точни показатели за правилно и навремено дијагностицирање на одредени здравствени состојби кај пациентите со цел ефикасен третман на истите.

OhridNews