Центарот за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.
Новата опрема на корисниците им овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите:
- Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг)
- Одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје
- Докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници
Можностите на новата опрема ќе бидат презентирани пред матичните гинеколози од Охрид и Струга, денеска во хотел “Village” во Охрид со почеток во 13:00 ч.
Г.М.