Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2025 година, во споредба со јануари 2025 година, е зголемен за 0.4 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.9 %, додека во однос на декември 2024 година, е зголемен за 0.4 %.
OhridNews