Целосно е завршена изведбата на новата водоводна линија во населбата Рача и од денес е приклучена во водоводната мрежа, информираат од Водовод Охрид.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, во функција е нов цевковод од полиетиленски материјал со профил ф90 мм во должина од 386 метри. Во тек е и преприклучување на сите објекти на новата линија, велат од претпријатието.

OhridNews