После 15 години целосно е обновен хируршкиот инструментариум во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Како што информираат од Болницата преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари обезбедени се околу 500 хируршки инструменти од различни видови.
Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа болница Охрид, вели директорот, Д-р Горан Маркоски.
OhridNews