Спречен обид за нелегална трговија со наркотична дрога, откако мобилен ттемна Царинската управа во координација со полициски службеници при Одделот за криминалистичка полиција пронајдоа 3 килограми марихуана при претрес на автомобил.
Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на наплатна станица Тетово, при што поради сомневање дека се превезува наркотична дрога бил повикан мобилен тим од Царинска управа.
Притоа извршен е претрес со царинско куче со чија помош е откриена поголема количина на наркотична дрога марихуана. Дрогата е откриена во резервната гума која била исполнета со 3 поголеми пакувања со околу три килограми наркотична дрога марихуана, информира Царинската управа.
Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
OhridNews