Кандидатот за градоначалник од ТМРО, Гоце Цветковски во првиот круг од локалните избори освои 1 376 гласа, недоволно за учество во вториот круг од изборите. Цветкоски на својата фејсбук страна по завршување на првиот изборен круг напиша дека со помош на граѓаните успеал да добие 10-15 % од гласовите во Охрид.
Уцени и закани, погрешни непостоечки избирачки локации, со непостоечки броеви на изборно место, 1363/1 во Охрид не успеавме да го лоцираме! И покрај сите овие сомнежи за нерегуларности во изборниот процес, успеавме да им замеме 10-15 %, што на национално ниво би биле околу 100 000 -120 000 луѓе, ако не и повеќе со ваша помош! Се гледаме на Парламентарни, напиша Цветковски, по вчерашните објавени резултати.
Во текот на вчерашниот ден по остварување на своето гласачко право Цветкоски истакна дека очекува победа во првиот круг, и потенцираше дека максимално работел за време на кампањата.
OhridNews