Во рамки на чествувањата посветени на 11 Октомври – Денот на народното востание, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и претставници од јавниот и политички живот од градот, денеска, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворот на Основниот суд Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“, каде се наоѓа бистата на паднатиот борец Мите Богоески. Цвеќе беше положено и на спомен обележјето на паднатите херои од НОБ на градски гробишта.