Врнежите во последните неколку дена генерално имаат позитивно влијание и придонесуват за подобрување на хидролошката состојба во земјава и за земјоделските посеви. Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали.
Најголемиот дел од примарните канали се исчистени, останува уште мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, еден добар дел од нив се во добра кондиција и истите се исчистени, но се работи на нивно понатамошно чистење. Додека терцијалните односно локалните канали кои минуваат низ самите урбани и неурбани места, со нив состјбата некаде е многу лоша и истите се затрупани и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколу дојде пообилни врнежи, информира Ангелов.
Граѓаните да пријават на бесплатниот телефонскиот број 195 било каква опасност од поплави доколку оценат дека на некои места постои можност од излевање на вода од речното корито.
Апелираме до надлежните институции да продолжат со чистење и во следниот период за да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи. Апелираме и до локалните самоуправи, да бидат разгледани сите критични точки и истите да бидат исчистени или да се постават насипи или да се обезбеди можност од поставување на брзи насипи доколку се појави таква потреба, додава Ангелов.
Овие поплави нема да бидат со голем размер, но за луѓето кои живеат од земјоделското земјиште кое може да биде поплавено, треба превентивно да се делува. Најголемите поплави кои се случиле изминативе години во нашата држава биле во месец ноември вели Ангелов.
Инаку, според последните податоци на УХМР во изминативе 24 часа до 8 часот утринава во Охрид наврнало 29 л/м2 дожд.
OhridNews