Cудија и полицаец нападнaти на фудбалски натпревари
19.03.12 13:52
Фудбалер од клубот Раштак нападнал судија на натпревар во скопското село Марино, а во Тетово поголема група навивачи се обиделе на ги нападнат гостинските играчи, а потоа нападнале полицаец, соопшти МВР.
Hа фудбалското игралиште во село Марино, на натпреварот помеѓу екипите Бунарџик и Раштак, играч на фудбалскиот клуб Раштак нападнал судија откако му доделил црвен картон.
Револтираниот фудбалер го удирал судијата во пределот на лицето, по што натпреварот бил прекинат.
Во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово на натпревар во мал фудбал меѓу екипите на фудбалскиот клуб „Елита“ од село Слатино и клубот „Алгомак“ од Свети Николе, вчера група од 10-15 лица се обиделе да ги нападнат гостинските играчи.
Полицајците ги спречиле напаѓачите, но потоа две од лицата почнале да ги омаловажуваат полицајците со погрдни зборови и пцовки.
При приведувањето дваесет и двегодишно лице нападнал еден полицаец во пределот на градите. Двајца се приведени, а полицијата работи на расчистување на натпреварот.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.