Фудбалерите на Охрид, совладувајќи го Вардар Форино со минимални 1-0 на Градскиот стадион во Гостивар ја забележаа првата победа на гостински терен сезонава. Стрелец на погодокот во сефте победата на „рибарите“ на страна беше Шериф Реџепи. Офанзивецот прецизно стрелаше во 41-та минута од натпреварот.

Одигравме добар натпревар во кој со победа ги освоивме три бодови. Задоволен сум од играта, особено од нашиот перформанс во првиот дел. Во второто полувреме малку попуштивме во одбраната, но сепак, успеавме да ја зачуваме минималната предност и да победиме. Победата можеше да биде по убедлива, ако се земат во предвид неискористените шанси. Морам да напоменам дека в сабота со триумф против Кадино ќе ги валоризираме овие три бодови. – изјави дефанзивецот Ајрадин Цуцули.

 

Најпрво сакам да им се заблагодарам на домаќините за добриот пречек и за фер и коретниот натпревар. Крајно време беше добрите игри од домашен терен да ги пресликаме на гостински и да се вратиме со три бодови. Знаевме што сакаме, натпреварот го започнавме офанзивно и креиравме прилики. Искористивме само една, но најважно е што стигнавме до победата. – рече предводникот на охриѓани, Драган Бочески.

OhridNews

 

Минималец на Охрид за прва гостинска радост во Втората лига