Со прекрасна забава на која настапи култниот латино бенд „Cubalcanica“ и во присуство на голем број гости, еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид „Cuba Libre“, синоќа, го прослави својот 19-ти роденден.
Успешната приказна “Cuba Libre” ја започна како мал ноќен клуб во стариот дел на Охрид во 2000 година. Во 2008 година со работа започна плажата “Cuba Libre” oд кога е и омилено место за излегување на охриѓани и туристите. Дел од успешниот угостителски бренд “Cuba Libre” се и ноќниот клуб “Havana” во центарот на Охрид и ресторанот „Дрим“ во Свети Наум.
фото галерија:
OhridNews
фото: Стојан Стојаноски