Репрезентацијата на Македонија одработи тренинг во кипарскиот град Никозија, каде што во среда ќе го одигра последниот натпревар од Лигата на Нации против Ерменија. Репрезентативците Енур Тотре и Дарко Мицевски, кои доаѓаат од македонскиот фудбалски шампионат ги искажаа очекувањата за дуелот со ерменците.

Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот. – рече Тотре.

Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги менувам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја. – изјави Дарко Мицевски.

На Македонија за обезбедување на првото место и е доволен и бод, но секако најдобро е со победа да се заокружи ноемврискиот циклус во кој го остваривме најголемиот успех.

OhridNews