Ракометната репрезентацијата на Македонија со очекуван триумф над финската селекција со 33-24 (16-10) ги започна натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Селекцијата на Финска, енигма за „црвено жолтите“ беше нешто повеќе од десеттина минути, кога на семафорот стоеше 5-5. Избраниците на Данило Брестовац до истекот на 20-та минута ги донесоа под контрола работите стекнувајќи предност од 10-5. Македонија до крајот на првиот дел го задржа водство и на одмор замина со 16-10.
Во второто полувреме сликата на се промени. На моменти нашата селекција имаше предност од осум голови, а Финска потоа успеваше да намали на пет погодоци. Селекторот Брестовац шанса му даде на сите ракометари, кои одговорија многу добро и со фуриозна игра донесоа победа од девет голови разлика 33-24.
Во листата на стрелци се истакна Кирил Лазаров со 11 голови, а Филип Кузманоски застана на 6 погодоци. Голманското дуо Митревски-Томовски искомбинираа вкупно 13 одбрани.
Македонија во втората рунда од квалификациите силите ќе ги одмери со Швајцарија на гостински терен.
OhridNews