Ракометниот клуб Вардар со четири свои ракометари доминира во изборот на идеалниот тим во регуларниот од регионалната СЕХА лига. По еден свој преставник имаат Загреб, Нексе и Мешков Брест.

На голот од идеалниот тим е членот на Вардар Дејан Милосављев, левата крилна позиција е резервирана за капитенот на „црвено црните“ Тимур Дибиров, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ е одбран за најдобар среден бек, а корпулетниот Данис Криштопанс е прогласен за најдобар десен бек. Најкорисно десно крило е Златко Хорват од Загреб, лев бек е Петар Џорџиќ од Мешков Брест, а Марин Шипиќ од Нексе е пивот број еден.

Најдобар дефанзивец е Павел Хорак, а најдобар играч е Хорват. За најдобар тренер е прогласен  Маноло Каденас (Мешков Брест).

Интересно е што сите играчи од идеалниот тим и најдобрите индивидуално доаѓаат од екипите кои ќе бидат дел од завршниот турнир кој ќе се одржи во Брест на почетокот од следниот месец.

OhridNews