Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ги рестартираа тренизите, откако клубовите добија зелено светло од англиските власти за започнување на активности во мали групи и под посебни мерки.
Гладта за трениниг кај „црвените ѓаволи“ очигледно била голема бидејќи фудбалерите забележале импресивни перформанси. На првиот тренинг, фудбалерите биле тестирани индивидуално за брзина и издржливост.
На спринт тренинзите најдобар бил Даниел Џејмс, кој развил брзина од 36.8 километри на час. Втор во спринтовите бил Џеси Лингард, а потоа се издвоиле Бруно Фернандеш и Аксел Туанзебе.
Планот на раководството од Премиер лигата е сезоната да продолжи на 12 јуни, но се зависи од состојбата со вирусот Ковид -19, која од ден на ден се менува.
OhridNews