Репрезентативецот на Македонија Езџан Алијоски и Лидс, нема по добро да го паметат гостувањето на „Олд Трафорд“, откако Манчестер Јунајтед извојува победа со високи 6-2 (4-1).
„Црвените ѓаволи“, убедливиот триумф го најавија на стартот од натпреварот кога преку Скот МекТоминеј постигнаа два брзи погодоци. Шкотланѓанецот мрежата ја погоди во 2-та и 3-та минута. Домаќините во 20-та минута зголемија на 3-0 со голот на Бруно Фернандес. Голедата на Манчестер Јунајтед во првиот дел ја комплетираше Виктор Линделоф, а за Лидс погоди Лиам Купер.
Во второто полувреме актерите на теренот продолжија во исто темпо. Избраниците на Оле Гунар Солскјер реализираа нови два голови. Стрелци беа Даниел Џејмс и Фернандес, додека конечните 6-2 ги постави Стујарт Далас кој погоди за Лидс.
Средбата на Олд Трафорд е втора најефикасна сезонава во Премиер лигата. Најефикасна е пресметката помеѓу Астон Вила и Ливерпул која заврши во корист на домаќините со 7-2.
- Резултати:
Брајтон – Шефилд Јунајтед 1-1
Тотенхем – Лестер 0-2
Манчестер Јунајтед – Лидс 6-2
ВБА – Астон Вила
Табела: Ливерпул 31, Лестер 27, Манчестер Јунајтед 26 (-1), Евертон 26, Тотенхем 25, Саутемптон 24…
OhridNews