Екипата на Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од Алекси Санчез, кој тотално разочара, откако од Арсенал се пресели на Олд Трафорд. Чилеанецот заработува најголема плата во Манчестер Јунајтед, но со игрите не ја оправда довербата.
„Црвените ѓаволи“ смислија план како најлесно да се ослободат од Алексис Санчез. Манчестер Јунајтед е подготвен да му плати на фудбалерот 13 милиони фунти да прифати било која понуда од клубот кој ќе покаже интерес за него.
Примањата на Алексис Санчез направија хаос во соблекувалната и другите фудбалери „скокнаа“ со барање за зголемување на платата. Чилеанецот заработува 500 000 фунти неделно.
Алексис Санчез сезонава има само еден погодок во 19 настапи, а разочарувачки скор имаше и минатата полусезона кога постигна само два погодоци.
OhridNews