Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа во регионалната АБА лига совладувајќи го составот на Будуќност со 3-2 во финалната серија. „Црвено белите“ во „мајсторката“ славеа со 97-54 (18-13, 29-8, 27-16, 23-17) и приматот шампион во АБА лигата го презедоа токму од противникот во финалето.
Петтиот и решавачки натпревар во финалната серија го одбележаа серијата инциденти пред почетокот на мечот и убедливата победа на Црвена Звезда за четврта титула во последните пет сезони. Дуелот во „Александар Николиќ“ започна со доцнење од 45 минути, откако гостински кошаркари излегоа па се вратија во соблекувалната поради нападите од домашните навивачи.
Кошаркарите на Будуќност рамноправен противник во „мајсторката“ беа само во првата четвртина која ја загубија со пет поени (18-13), но резултатски се држеа. Во вториот квартал играта на гостите тотално се распадна, а „црвено белите“ максимално се искористија и со 29-8 го решија прашањето околу победникот.
Во третиот период, домаќините и покрај големата позитива не се опуштија и за дополнителни 11 поени ја зголемија разликата за водство 74-37. Во решавачките десет минути темпото на игра опадна, но и во такви околности „црвено белите“ ја „напумпаа“ разликата за конечни 97-54.
Келвин Херис со 21 поен беше најефикасен во тимот на Црвена Звезда, а после него следуваа Давидовац со 11 кошеви и Оџо, Симаниќ и Фаје кои реализираа по 10 кошеви. Во екипата на Будуќност се истакна Норис Кол со скромни 9 поени.
OhridNews
Одложен почетокот на „мајсторката“ во АБА лигата (видео)