Фудбалерите на Црвена Ѕвезда го одбранија тронот во српскиот фудбал, триумфирајќи во националниот шампионат.
Белградските „црвено бели“ новата титула, вкупно 32-та во историјата ја осигураа со минималната победа над Војводина 1-0, на четири рунди до крајот на првенството. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Синиша Саничан, кој ја затресе сопствената мрежа.
Црвена Ѕвезда ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони следната година, а сезонава ќе атакуваат на двојна круна, затоа што ќе играат во финалето од Купот на Србија. Противник на „црвено белите“ им е градскиот ривал Партизан.
OhridNews