Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда се закани со повлекување од понатамошното натпреварување во АБА лигата ако дисциплинската комисија не одиграниот дуел со Будуќност го регистрира со службен резултат за црногорците.

Во јавноста се појави информација дека натпреварот е регистриран со 20-0 во корист на Будуќност, а Црвена Ѕвезда е казнета парично со 20 000 евра и не ѝ доделен бод кој се добива за пораз.

„Црвено белите“, не отпатуваа во Подгорица, а како причини ги наведоа нарушените политички односи помеѓу двете земји и стравот од немири во салата и во текот на натпреварот.