Белградска Црвена ѕвезда ја очекува драконска казна од УЕФА, по серијата инциденти што нејзините навивачи ги предизвикаа по натпреварот во Лига Европа против дански Митјиланд.
Српскиот тим загуби со 1-0, а натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Милош Дегенек и Марко Гобељиќ.
Разочарани од поразот на својата екипа, навивачите на Ѕвезда на патот кон соблекувалната фрлаа тврди предмети кон унгарскиот судија Тамаш Богнар, а притоа еден од предметите го погоди во главата помошникот тренер на белградскиот клуб, Италијанецот Федерико Панончини. Тој со повреди на главата итно беше пренесен во болница, а поради инцидентот тренерот на Црвена ѕвезда Дејан Станковиќ ја пропушти прес-конференцијата за да го посети својот помошник во болничкиот кревет.
Дел од српските медиуми објавија дека во инцидентот бил повреден и помошникот судија.
OhridNews