Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда ќе изврши промена на тренерската позиција, откако спогодбено го раскина договорот со досегашниот предводник Саша Обрадовиќ.
Од се срце му се заблагодаруваме на Обрадовиќ за големиот труд и професионалната работа во нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа понатаму во кариерата. – стои во сооштението од Црвена Ѕвезда.
„Црвено белите“ не играат на потребното ниво во Евролигата и со пет победи во 16 одиграни мечеви се наоѓаат на претпоследното место на табелата. Од клубот се надеваат дека со тренерската промена работите ќе тргнат на подобро.
За нов тренер се споменува Дејан Радоњиќ кој веќе еднаш беше на клупата од „црвено белите“. 50-годишниот стратег од 2013 до 2017 година беше тренер на Црвена Ѕвезда и тој период беше најдобар за „црвено белите“ во Евролигата, АБА и српскиот кошаркарски шампионат.
OhridNews