Капитенот на Црвена Ѕвезда Марко Марин кариерата ќе ја продолжи во далечниот исток, откако потпиша договор со клубот Ал Ахли од Саудиска Арабија.

„Црвено белите“, за услугите на германскиот фудбалер со српско потекло ќе заработат 2,5 милион евра. Марин во Белград пристигна од Олимпијакос за 700 000 евра.

Марин играше одлично во дресот на Црвена Ѕвезда. Во вкупно 58 натпревари постигна 11 погодоци и 24 успешно асистираше до своите соиграчи. Во текот на кариерата Марин го има носено дресот на Борусија Менхенгладбах, Вердер, Челси, Фиорентина, Севиља, Андерлехт и Трабзонспор, а Ал Ахли ќе му биде прв предизвик надвор од границите на Европа.

OhridNews