Во тек на месец октомври волонтерите, демонстраторите и обучените за прва помош, и вработените од Црвен крст Охрид ја реализираа кампањата за прва помош.
Пет викенди првата помош беше промовирана како еден од најзначајните сегменти на работа на движењето на Црвениот крст, но и како сет од знаења и вештини кој што секој граѓанин треба морално да го поседува, велат од Црвен крст.
Додаваат дека оваа кампања е дел од програмските активности на Црвен крст Охрид за информирање на населението и зголемување на нивната хуманост, а предвидени се и други вакви активности во иднина.
OhridNews