Од кадетската фудбалска лига во Србија доаѓа случка која со сигурност без проблеми ќе влезе во рубриката „верувале или не“. Во главните улоги не биле фудбалерите, туку судиите кои го украле шоуто на стадионот.

Во 72-та минута од натпреварот главниот судија му покажал црвен картон на едниот од двајцата асистенти. Во знак на поддршка на својот колега вториот асистент ја напуштил играта и главниот арбитар сам го завршил натпреварот.

Српската фудбалска федерацијата реагираше веднаш и судиската тројка ја суспендираше четири месеци. Средбата која привлече големо внимание заврши во корист на гостите 2-1.

OhridNews