Црногорскиот ракометар Владан Кастратовиќ на позиција среден бек потпиша двегодишен договор со ГРК Охрид.

Кастратовиќ доаѓа во Охрид по одличната сезона во РК Струга, а пред тоа беше дел и од тимот на Комови од Црна Гора со кој го освои националниот куп во 2019 година.

Драго ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб, кој има за цел да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи – изјави Кастратовиќ.

OhridNews