Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 691 пациент, а починале 30. Во Охрид изминатото деноноќие регистрирани се 43 нови случаи и 24 оздравени пациенти.

Од новорегистрираните, најмногу се во Скопје-530, по што следи Тетово со 54, Битола и Охрид со по 43, Прилеп 38, Куманово-30, Гостивар и Кичево по 25, Струмица 23, Велес-22, Струга-18, Штип-15, Кавадарци-8, Гевгелија-3, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани, Дебар и Неготино по три, Пробиштип, Свети Николе и Ресен со по осум, Македонски Брод и Делчево по пет, Демир Хисар и Кратово со четири, Неготино и Гевгелија по три, Берово и Валандово по два, Виница и Пехчево по еден.

Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г), соопштија од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1002, а активни се 410 случаи.

OhridNews

Филипче: Нема потреба од полициски час ако се почитуваат мерките