Кошаркарскиот клуб Црн Дрим од Струга и скопскиот состав ТФТ се нови членови на Првата кошаркарска лига, одлучи Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ).

Црн Дрим и ТФТ пред прекинот на двете Втори лиги поради пандемијата на коронавирусот беа лидери на табелата и поради тоа се здобија со право за учество во елитата.

После повеќе од една деценија Првата лига ќе брои 12 екипи. Следната сезона место две ќе отпаѓаат четири екипи, за да се доведе до бројката од 10 екипи во Првата лига.

OhridNews