Најтрофејната тенисерка Серена Вилијамс и Каролин Вознијацки во третата рунда ги завршија настапите на првиот грен слем турнир во новата сезона, Австралија Опен.

Непреминлива пречка за Вилијамс беше Кианг Ванг. Кинеската тенисерка во три сетови (6-4, 6-7, 7-5) ја совлада Вилијамс и обезбеди пласман во 4-та рунда. Ванг одигра маестрално и ги спречи сите обиди на големата шампионка да се врати во игра за победа.

Вознијацки со пораз ја заврши кариерата. Таа, неодамна најави дека австралискиот грен слем турнир ќе и биде последен официјален натпревар. Во пензија ја испрати тенисерката од Тунис, Онс Жабер која славеше со 2-1 во сетови (7-5, 3-6, 7-5).

Вознијацки најголемиот успех во кариерата го постигна во Австралија освојувајќи го трофејот во 2018 година.

OhridNews