Уште еден црн ден во Италија, каде во изминатите 24 часа од корона вирус умреле 627 лица, најмногу од почетокот на пандемијата, со што бројот на жртвите во оваа земја се искачи на 4.032.
Драматично е и во Шпанија каде бројот на мртви надмина 1.000, а пред една седмица таму немаше ниту еден смртен случај од коронавирус.
Значителен пораст на заразени од коронавирусот Covid19 забележан е и во Германија, каде во еден ден заболеле 4.528 луѓе, а бројот на починати и натаму е релативно низок – 59. Бројот на заболени во САД надмина 14.000, каде се регистрирани 205 смртни случаи.
Прв смртен случај денеска е регистриран во соседна Србија. Во Кикинда починал маж на 59-годишна возраст. Тој според пишуањата на српските медиуми имал дијабетес и нарушена работа на бубрези, а бил заразен од коронавирус од соседот. Во Србија досега се регистрирани 135 заболени од коронавирус.
Во моментов во 184 земји во светот, од вкупно 195, со корона вирус се заразени 270.069 луѓе, 90.603 се излекувале, а 11.271 лице починало како последица на вирусот. Полесните случаи се опоравуваат во просек за околу две недели, а потешките за околу шест, соопшти Светската здравствена организација.
OhridNews