Видео записот е дело на Борче Димовски и е снимeн на повеќе локации во Охрид. Во него можат да се видат некои од најволшебните места на Охридското Езеро.
Музичката тема „Come With Me“ е снимена во Њујорк во „The Bunker Studio“ и е комплетно дело на Четкар. Тој се појавува како продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокалист.
Песната е снимена целосно со изведба во живо, додека стилски содржи елементи на соул, џез, фанк, диско и поп. Интересно е тоа што песната „Come With Me“ која е објавена само пред неколку дена веќе се врти во повеќе радија во Унгарија, меѓу кои и на најпопуларното радиo за џез и соул музика таму „Jazzy 90.9 FM“, кое песната ја најавува како голем хит. Наскоро песната ќе има своја радиска промоција и во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји.
OhridNews