Во американските супер маркети од минатата недела започна да се продава Кока-Кола млеко, кое според зборовите на компанијата е млеко со врвен квалитет, бидејќи не содржи лактоза и поседува многу повеќе протеини и калциум.

„Fairlife“ млекото во американските маркети се појави во вторникот, а цената не е баш примамлива.

Шише млеко од 1,5 литри чини 4,59 долари. За споредба, просечната цена на млеко од два литри е 2,18 долари.

Од Кока-Кола се надеваат дека млекото ќе стане успешен бренд и дека наскоро ќе почнат да бележат профит од неговата продажба.

 

OhridNews