Интегрирање што повеќе чинители во општеството и изнаоѓање на институционален начин за справување со предизвиците кои ги носат климатските промени, справување со заканите, но и зголемување на свесноста, прифакањето и адаптирање кон истите е целта на глобалниот настан Climathon кој за првпат се одржа во Охрид.

Претставници на стручната и научната јавност, локалната и извршната власт, државните институции, посетителите, експертите, активистите, во оваа насока донесоа низа заклучоци меѓу кои да се стави приоритет во спроведувањето на националните Климатски планови кои обезбедуваат информации за инвентарот на стакленички гасови (GHG), мерки за ублажување и адаптација кон климатските промени и сите други информации кои државата ги смета за релевантни за постигнување на целта на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

Напоменуваат дека важно е и усогласувањето на националното законодавство за животна средина и клима со Европското и анализи на неговото спроведување на национално и локално ниво, а со тоа да биде активен партнер во предпристапните преговори за влез во ЕУ во однос на Поглавјето 27, ЖИВОТНА СРЕДИНА и КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ.

Да се зголемат инвестициите од националниот буџет и да се изнајдат повеќе модели на финансирањето на климата кое се однесува на локално, национално или меѓународно финансирање – извлечено од јавни, приватни и алтернативни извори на финансирање – што има за цел да ги поддржи акциите за ублажување и прилагодување што ќе се однесуваат на климатските промени за што и Конвенцијата, протоколот од Кјото и Договорот од Париз повикуваат на финансиска помош од страните со повеќе финансиски ресурси за оние кои се не се толку богати и се ранливи. Да се отвори меѓудржавен дијалог, како да се намалат ризиците и заканите од климатските промени во регионот, особено во околните држави, се дел од заклучоците.

Потрбно е и вклучување/интегрирање на заштитата на животната средина во другите политики (земјоделство, транспорт, енергетика, индустриска политика).

Ставање на акцент кон носечките гранки во регионот и тоа: одржлив туризам и одржливо земјоделие, каде што на Охридско-Преспански регион ќе се гледа како една целина заедно со околните држави Албанија и Грција дел од Европската иднина. Национална платформа која ќе ги обедини законодавните регулативи, локалните, националните, регионалните и европски партнери и држави Достапност на знаење за поединци, мали фармери, туристички капацитети, и градење на нивните капацитети преку техничко и финансиско зајакнување. Соработка помеѓу индустријата и образованието, се посочува.

Меѓу донесените заклучоци е и отворање на дијалог во поглавието 27 за предпристапност чија што основна цел е заштитата на животната средина во ЕУ: заштита и зачувување на здравјето и благосостојбата на луѓето; заштита на квалитетот на еко системот; зачувување на биолошката рамнотежа и еколошката стабилност на природата; заштита на природата (растителните и животинските видови кои живеат во неа) за сегашните и идните генерации и рационално и соодветно користење на природните ресурси.

OhridNews