Главниот судија на натпреварот Севиља – Гранада во шпанската Ла лига, Рикардо де Бургос Бенгохеа, направи голем пропуст во финишот, означувајќи крај една минута порано од предвиденото судиското продолжение. После неколкуминутна конфузија, грешката е потврдена, а играчите мораа да се вратат на теренот и да ја доиграат минута. Резултатот не се промени и остана во корист на домаќините 2-1.
Несекојдневната ситуација во Шпанија можете да ја погледнете на 9:50 секунди од видеото.
OhridNews