Неверојатен неспортски потег на дуелот Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев ја одбележа 20-та рунда во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерот на гостите Стефан Костов на средината од вториот дел со втора топка в терен спречи ветувачка контра на домашните играчи и изнуди прекин на играта. Главниот судија на натпреварот Благојче Ралевски немаше друг избор и му додели црвен картон.

Дисциплинската комисија дополнително ќе ја разгледува ситуацијата која нема допирна точка со фер плеј во фудбалот. Во судиското продолжение од натпреварот, Македонија ЃП постигна погодок од пенал и ги освои трите бодови со минимална победа (1-0).

Во рамките од 20-та рунда, фудбалерите на Струга Трим Лум претрпеа пораз на гостувањето кај Ренова (2-0), додека Шкендија ремизираше во Кратово со Силекс 0-0.

Резултати: Борец – Вардар 0-1, Силекс – Шкендија 0-0, Ренова – Струга Трим Лум 2-0, Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев 1-0, Работнички – Шкупи 2-1

Табела: Вардар 42, Шкендија 32, Силекс 31, Македонија ЃП 29, А. Пандев 27,б Шкупи 25, Струга ТЛ 24, Ренова 22, Работнички 21, Борец 20

OhridNews