Никој не остави рамнодушен победата на Вардар над Пик Сегед (31-23) во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Шампиони. Членот на Киелце Лука Циндриќ, кој го гледал натпреварот изјави дека од тој меч апсорбирал многу мотивација и самодоверба пред дуелот со ПСЖ, кој полскиот шампион го доби со десет голови разлика (34-24).

  • Кога видов Вардар како го прегази ПИК Сегед се надевав и знаев дека можеме и ние. Но ништо не е готово. Резултатот кој ние го остваривме мислевме дека е невозможно да се оствари. Па како што ние победиме со десет разлика, така и тие можат да не победа. Мора да бидеме внимателни. – истакнал за хрватските медиуми Циндриќ.

Реванш натпреварите во четврфиналето од ЛШ се играат викендов, а победниците обезбедуваат пласман на фајнлфор турнирот кој се игра во Келн.

OhridNews