Карактерот на луѓето во еднаква мера влијае на здравјето како и генетските предиспозиции, а емотивните и чувствителните луѓе се најчесто самосвесни и повеќе внимаваат на здравјето.Со класичниот начин на воспоставување дијагнози, лекарите во иднина би требало и да вклучат тест на личноста, тврдат научници од американскиот универзитет Дјук. Личноста има големо влијание на начинот на кој го доживуваат своето здравје, се грижат за него и се соочуваат со проблеми.

Чувствителните и емотивни типови на луѓе најчесто се и самосвесни и подобро внимаваат на своето здравје, поради кое и подолго живеат, покажала една студија направена на повеќе од 1000 луѓе во Нов Зеланд родени во 1972 и 1973 година. Истражувачите ги анализирале нивните типови личности, ја зеле во предвид личната и фамилијарна историја на болести и ја следеле физичката состојба.

Окриле дека флегматичните луѓе не се ни претерано самосвесни во однос на своето здравје и пороците, а околу 45% од нив здравствени проблеми започнале да имаат на возраст од 38 години. Во групата на оние кои научниците ги окарактеризирале како самосвесни, слични проблеми развиле помалку од 18%.
-Поединците кои на тестовите на личност не се баш самосвесни, значително се подебели, имаат зголемен хорестерол и крвен притисок, болести на непцата и општо поголем ризик од воспаленија – заклучил др. Саламон Израел, кој ја водел студијата.

 

извор:24sata.hr