Повеќе од 50 затвореници од Папуа Нова Гвинеја сеуште се во бегство откако чуварите не се појавиле на работа, а полицијата била презафатена за обезбедување на еден рагби натпревар на кој бил присутен премиерот на Австралија. Затворениците направиле дупка во металната ограда на затворот Боман крај градот Порт Моресби и побегнале.


Ситуацијата е многу напната. Портпаролот на затворот изјавил дека фатиле само четворица од побегнатите затвореници. Бегството го откриле дури после неколку часа бидејќи чуварите не се појавиле на работа поради кавга во врска со платите.