Двајца чувари во еден затвор на Американска Самоа се осомничени дека пуштале затвореници да одат до блиската продавница да купат пиво и храна. Полицајците Фити Аина и Роки Туа биле обвинети оваа седмица дека им помагале на затворениците да побегнат. Додека полицијата во јули ги прегледувала ќелиите на затворот во ќелијата на еден од затворениците пронашла пиво.
Од полицијата било соопштено дека било утврдено како чуварите пуштале затвореници во блиската продавница по пиво. Еден од затворениците кој бил пуштен, служел казна од 40 месеци за напад на еден човек со мачета. Судските документи покажале дека затвореникот им раскажал на истражителите дека купувал пиво за друг затвореник и чипс и колачи за чуварите.