Француски чувар кај музејот Лувр во Париз застрелал лице кое го нападнало со нож, пренесуваат светските агенции. При тоа, напаѓачот, кој се обидел да влезе во музејот, е сериозно повреден. Лицето кое се упатило кон подземната продавница на музејот, со себе носело актовка.
Француското министерство за внатрешни работи го опишало инцидентот како „сериозен“ и веднаш потоа покренало голема безбедноста операција.