Ноќеска во 02.35 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода две лица од Скопје на возраст од 25 и 22 години.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
OhridNews