Џон Раглс пред девет години пронашол фосил на Плесиосаур во својата градина во Велика Британија, но немал поим дека станува збор за фосил стар 135 милиони години. Му се допаднал обликот на „каменот“ и го сочувал, преместувајќи го во градината како украс. Дури минатата година станал љубопитен и ја испратил коската на музејот.
Експртите откриле дека станува збор за дел од пераите на Плесиосаур, многу редок примерок на кој сеуште се гледаат траги од крвните жили. Плесиосаурот бил морски рептил кој живеел пред 144 до 65 милиони години. Имал долг врат и опашка, како и четири пераи. Се хранел со риби и помали рептили, а растел до 13 метри.