Италијанската полиција открила дива свиња тешка 150 килограми и два питбули во еден стан во Џенова, пренесуваат италијанските медиуми. Загрижени поради чудните звуци кои допирале од станот, соседите повикале полиција која ги затекнала животните сместени во посебни соби во станот.
Сопственикот на станот рекол дека дивата свиња ја нашол во околината на градот и дека сакал да ја заштити од вандалите. Полицијата сепак му наредила да го врати животното таму каде што го пронашол.