– Горд сум што сум првиот кајакар кој го заобиколил езерото – рече Ристо Чуркоски видно возбуден по пристигнувањето во Струга со што тој стана првиот кајакар кој по воден пат го заобиколи Охридското Езеро. Одисејата на струшкиот ветерен долга 90 километри, траеше 8 часа и 20 минути. Тој од Струга, го посети Охрид, потоа Поградец па Лин, по што се врати во родната Струга.
– Јас сум пријател на езерото и тоа ми врати со сето свое гостопримство. Одлично бев пречекан и испратен на албанската страна на езерото. Одлична беше и соработката со пограничните служби на кои им изразувам голема благодарност – рече Чуркоски кој посака подршката на трите градоначалници да продолжи во иднина и овај маратон да стане традиоцинален.
Во тимот на Чуркоски беше олимипиецот Михајло Ристевски и докторот Брчески. – Секој маратон е тежок, ова што го направи Ристе е еднакво на сеназација – рече олимпиецот Ристевски, кој со еден збор ја прифатил поканата на Чуркоски да биде дел од неговиот тим.
Добро е кога тимот победува, посебно што докоторот во тимот го поминал патешествиетот без никаква посериозна интервенција. – За ваков подвиг треба да бидете подготвени физички и психички, Ристе денес покажа дека е во врвна форма. Многу помлади кајакари не би можеле да го сторат ова. Лично имав причина за само една помала интервенција, се случи на делницата од Трпејца до Поградец, Чуркоски имаше една помала криза. Меѓутоа ги превзедовме сите мерки и ја пребродивме кризата, пред и потоа вршевме само редовни контроли на пулсот и крвниот притисок – истакна д-р Брчески.
Чуркоски им порача на младите спортисти напорно да работата да ги следат своите желби и еден ден и тие да го остварат својот сон, како што тој го оствари својот.
Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската ...
Во среда не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона Ова е многу важен натпревар за двете екипи Имаме неколку повредени играчи Се над...
Се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.