Најдобриот македонски ракометен клуб Вардар може да се пофали со две успешни завршени работи поврзани со нови договори и трансфери.
Следната сезона, повторно дел од Вардар ќе биде хрватскиот ракометар Иван Чупиќ додека во „црвено црниот“ табор ќе пристигне Томислав Јагуриновски.
Чупиќ, неодамна најави дека ако клубот се стабилизира нема да разгледува опции за заминување. Вардар е во процес на стабилизиција и Чупиќ без размислување ставил потпис на новиот договор. Јагуриновски, пак, во Вардар се преселува од градскиот ривал, Металург.
Следниов период, Вардар, ќе треба да доведе уште некој ракометар со цел да продолжи по курсот по кој се движеше изминативе сезони.
OhridNews