Фудбалерот на Барселона, Давид Бабунски ќе ги прескокне подготовките во Скопје и Охрид и на младинската селекција ќе и се приклучи директно во Исланд каде ќе го одигра првиот натпревар во квалификациите за Европското првенство.


Вториот тим на Барселона има официјален натпревар на 7 јуни и не му дозволи на македонскиот вундеркинд да и се приклучи на селекцијата во подготовките.

– Верувам дека фудбалерите ќе ја сфатат сериозноста на подготовките и предизвикот со кои заеднички ќе се соочиме. Најважно е да бидеме здрави и подготвени да го дочекаме натпреварот со Исланд. – рече селекторот Благоја Милевски.


Младинската селекција од 3 до 8 јуни во Охрид ќе одработи мини подготовките пред квалификацискиот натпревар со Исланд на 11 јуни на гостински терен.

Мх.П.