Бројот на жрви во големите пожари што беснеат во Австралија надмина 100, уништени се над 750 домови, a илјадници хектари шума се претворени во пепел.
Загрозени од огнената стихија се и голем број македонци кои живеат во државата Викторија, каде се уништени и цели градови.Васко Ангелоски -иселеник од охридско, ни ја опиша страшната слика.
– Пожарите се стравични, топлина извира од земја, а надвор не може да се издржи ниту 5 минути. Огнената стихија голта се пред себе, а пристапот до местата каде беснеат пожарите е забранет од безбедносни причини, вели Ангелоски, инаку наш колега од ZZZ радиото Мелбурн-програма на македонски јазик. Тој ни раскажа дека пожарот го зафатил реонот на Кинг Лејк кај македонската црква Свети Климент која на чудесен начин не настрадала од огнот кој пеплосал се околу неа. Господ ја сочува црквата, додава Андгелоски.
Со огнената стихија во Австралија се борат десетици илјади пожарникари на кои од вчера им се придружија припадници на армијата, а Владата најави помош за настраданите подрачја.